СДСМ: Додека СДСМ им помага на граѓаните градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се луксузираат
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своето лицемерие. Тоа е партијата која двојно го зголеми јавниот долг за да гради лажен барок и споменици, а сега во време на криза нивните градоначалници трошат милиони евра на партиски вработувања и луксузирања, и не помисливаат да им помогнат на граѓаните.
Напротив, ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија на светот, што со блокади дополнително им го отежнува животот на граѓаните, во време, кога секоја помош им е добредојдена.
За разлика од нив, со СДСМ и во време на светска економска криза платите растат. Просечната плата се искачи на 31.080 денари, со што е реализирано клучното ветување на СДСМ за просечна плата од 500 евра.
Минималната плата е зголемена на 18.000 денари, следува период на раст на платите во сите сектори согласно растот на минималната плата. Со договор со синдикатот се постигна рекордно зголемување од 15 отсто на платите во образованието и детската заштита, следува раст на пензиите.
Владата предводена од СДСМ со ребалансот на буџетот, заштедата на непродуктивните трошоци во висина од 200 милиони евра, ќе ја пренамени за надминување на последиците од светската економска криза за економијата, граѓаните, пред се за ранливите категории.
Додека СДСМ им помага на граѓаните и на компаниите од Белата палата критикуваат и прават опстукции.
ВМРО-ДПМНЕ секогаш има проблем кога парите завршуваат кај граѓаните, наместо во белиот дворец како во годините на режимот.
Центар за комуникации со јавност на СДСМ
Ново на Сител
-

Подвиг за восхит: 11-годишниот Давид и 12-годишната Анастасија освоија три алпски врва над 4.000 метри
-

Oсум тони марихуана недостигаат во фирма за одгледување медицински канабис во струмичко
-

Марихуана пронајдена кај две државјанки на Перу
-

135 килограми режан тутун и 30 литри алкохол запленети на зелениот пазар во Чаир
-

Трамп изјави дека наскоро ќе биде организирана средба меѓу Путин и Зеленски
-

Шкотски музеи ги отстрануваат мумиите бидејќи „покојните не дале согласност“ да бидат изложени
-

Ѓорѓиевски: Да оставиме пример, не ѓубре - продолжува најголемата еко-акција досега
-

САД потрошиле над 47 милијарди долари за војната против Иран
