Мицкоски: Сесловенските просветители Кирил и Методиј со своето дело се втемелија во великаните на европската и светската цивилизација
Денес Македонија го чествува празникот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј, кои со своето дело се втемелија во великаните на европската и светската цивилизација. До ден денес Македонците и светот им се благодарни на нашите просветители, чествувајќи го нивното дело, напиша во честитката лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј.
Нивната света мисија за просветувањето и продуховување на словенските народи, како што посочи, е само показател за силниот човечки дух и исконскиот порив да се зачува јазичната, културната и идентитетската посебност.
– Во денешно време кога Македонија се соочува со негирање на македонскиот идентитет, култура и историја, потребна ни е сплотеност и обединување на македонските граѓани со цел да ги победиме лошите политики, да ги направиме промените во Македонија и да обезбедиме подобра иднина. Не смееме да дозволиме тргување со нашиот идентитет, и наша обврска е да се избориме за почитување на нашето наследство што е заложбина и аманет на нашите предци. Светлиот пример на нашите просветители истовремено е и аманет да продолжиме на патот за обезбедување подобро образование и научна работа, напиша Мицкоски во честитката.
Ново на Сител
-
Руд ван Нистелрој: Дојде време за промена
-
Лејкерси го испратија синот на Леброн Џејмс во Џи лигата
-
Мурињо суспендиран поради изјава по мечот со Трабзон
-
Состојбата на тројцата тешко повредени во несреќата во Нови Сад не е променета
-
Мишел и Фон дер Лајен телефонски разговарале со Трамп
-
Во судирите во Амстердам повредени 10 израелски навивачи, Нетанјаху испрати спасувачки авиони
-
ЦУК: Изминатите 24 часа - 10 пожари на отворено, еден сѐ уште активен
-
Лашоска: Мерките за намалување на ризикот од катастрофи на локално ниво се од суштинско значење за заштита на заедниците