Уставниот суд ќе разгледува четири иницијативи
Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска ќе одржи седница на која ќе се разгледуваат четири иницијативи.
Првата е во врска со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поднесена од Иван Лотески од Охрид. Подносителот на иницијативата наведува дека со оспорените одредби се крши една од темелните вредности-владеење на правото, предвидена со член 8 став 1 алинеја 3. Според наводите во иницијативата се заобиколува Законот за општа управна постапка, се кршат основните слободи и права на граѓаните со тоа што доставувањето на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер се навлегува во приватноста на странките, односно во личните предмети кои странките ги имаат во институциите.
Како што е најавено, на седницата ќе се расправа и по иницијативата во однос на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, поднесена од Александар Бежовски, адвокат од Скопје, кој ги оспорува одредбите коишто се однесуваат на адвокатурата односно за адвокатите и адвокатските друштва од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Според наводите во иницијативата со оспорениот член 63 се оневозможува и се спречува адвокатурата да ги оствари основите на самото свое постоење и по Устав и по Закон загарантирани како самостојноста, тајноста, заштита на интересот на странката, чување на довереното од странката и давање на квалитетна правна помош.
За иницијативата која Уставниот суд треба да ја разгледува во однос на Колективниот договор на МВР подносителот Нехат Лужа од Скопје смета дека делот од оспорената одредба:„Доколку работникот одработи повеќе од 32 часа прекувремена работа во месецот, за останатите часови користи исклучиво слободни денови”, се спротивни на членовите 116 и 117 од Законот за работни односи со кои законодавецот ја ограничил горната граница до која можел еден работник да се ангажира на работа и тоа 40 часа редовна работа плус 8 часа прекувремена работа во неделата, односно 190 часа прекувремена работа во текот на годината.
На денешната седница Уставниот суд ќе ја разгледува и иницијативата поднесена исто така од Нехат Лужа од Скопје за ставовите 2, 3, 4, 5 и 6 од член 9 од Правилникот за членување, права и обврски на членот и престанување на членството во Македонскиот полициски синдикат од 06.03.2020 година.
Според подносителот на иницијативата оспорените одредби се спротивни на член 20 став 2 од Уставот. Се наведува дека неосновано се условува истапувањето на секој член со пропишување на услови и рокови кои требало да се исполнат, односно да се поминат.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски по повод 13 Ноември: Да изградиме Скопје што гордо ќе им го предадеме на идните генерации
-

ЕУ го договорија тимот за преговорите помеѓу Русија и Украина
-

Во Исар Марвинци откриен монументален комплекс на римска бања со зачуван систем за загревање
-

15-годишник допирал по телото и со закани принудувал 11-годишно девојче да му праќа експлицитни фотографии
-

Трамп: Антисемитизмот во САД во моментов е како во Германија во 1938 година
-

Мицкоски: Правиме се да останеме земја со убедливо најниски цени горивата, струјата и греењето во Европа
-

Приведен 42-годишник на Граничен премин Табановце - Возилото кое го управувал било предмет на потрага на Интерпол
-

Кривична за 19-годишник од Кочани, направил експлицитни снимки од 18-годишна девојка без нејзина дозвола
