МВР изрече 174 сообраќајни прекршоци во Скопје, 49 за пребрзо возење, 18 возачи под дејство на алкохол
Министерството за внатрешни работи вчера продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 174 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, 18 санкции за возење под дејство на алкохол, десет мерки за возење без возачка дозвола.
Како што соопшти МВР, изречени се и 18 мерки за недавање првенство на минување на пешаци,17 за прекршоци што ги прават пешаците, осум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, шест за користење на мобилен телефон, пет санкции за возачи-почетници, три за нерегистрирани возила.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-

Без струја дел од Пинтија и Студеничани
-

Путин вели дека според него, конфликтот во Украина се движи кон својот крај
-

Катарски танкер помина низ Ормус, прв извоз на течен природен гас од регионот од почетокот на војната
-

Крузерот погоден од епидемија на хантавирус пристигна на островот Тенерифе
-

Меѓународна атлетска трка во Скопје
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне повремен локален дожд
-

Ставен под контрола пожарот кај Чернобил, нема опасност од радијација
-

Сиљановска Давкова: Како Европјани, должни сме да се спротивставиме на секој облик на фашизам
