ВМРО-ДПМНЕ за анкетата на МЦМС: Сега е јасно зошто СДСМ бега од избори како ѓавол од темјан
Последното истражување на МЦМС за 100 дена влада се уште една потврда на катастрофалната реалност во која живеат македонските граѓани. Оваа анкета, речиси како и сите претходно посочува дека граѓаните не се задоволни од власта на Ковачевски, СДСМ и ДУИ.
Дури 65,1% од граѓаните сметаат дека оваа власт не ги исполнила очекувањата на народот, а најголемо е разочарувањето од економијата и правдата. Речиси една третина од испитаниците посочуваат дека не се задоволни од ниту еден министер, што само потврдува дека оваа влада ништо не направи за подобар живот на граѓаните. Напротив според истражувањето 58,7% од граѓаните сметаат дека квалитетот на животот им е влошен во последната година.
Затоа во оваа влада на Ковачевски немаат доверба речиси 64%, што е рекордно најмала доверба на било која влада во Македонија. Само 16,8% од граѓаните сметаат дека државата се движи во правилна насока, а речиси 52% сметаат дека Македонија се води во погрешна насока со власта на СДСМ и ДУИ.
На крајот како резултат на влошениот животен стандард, криминалот и корупцијата на власта, нивната неспособност и неодговорност, граѓаните даваат далеку поголема поддршка на ВМРО-ДПМНЕ наспроти СДСМ. Според истражувањето на МЦМС поддршка на ВМРО-ДПМНЕ даваат 20,7% од испитаниците наспроти 14,6% на СДСМ. Тоа се 6,1% разлика од лицата кои би излегле на избори. Тоа е показател дека на СДСМ му следи катастрофа и голема народна казна.
Сега е јасно зошто СДСМ бега од избори како ѓавол од темјан. Ја губат поддршката од граѓаните, довербата им е на најниско ниво и се крајно незадоволни од работата на нивната влада. Но СДСМ не може да избега од неизбежното. Избори ќе има, затоа што народот не може веќе да го трпи ова тонење и понижување. Народот масовно на 18-ти јуни ќе каже премногу е! Ова мора да престане. Предвремени избори се решение за кризата која оваа влада на СДСМ и ДУИ ја создава и разгорува.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
САД: Земјите кои не возвратија на царините ќе бидат наградени
-
Трамп ги зголемува царините за Кина на 125 отсто, но најавува 90-дневна пауза за останатите земји
-
Дортмунд подготвува нов договор за Ковач
-
Ердоган ја обвини главната опозициска партија за „фашизам“
-
Вучиќ за утврдување одговорност за посетата на повредените од Кочани: Никој не ме пушти, сам си влегов, и што сега?
-
Директори злоупотребиле службена положба и ги оштетиле буџетите на две беровски училишта за вкупно 1.171.000 денари
-
Трендафилов: Владата не е против зголемување на минималната плата, туку останатите два синдиката
-
Изградбата на втората фаза во Затвор Идризово се очекува да започне до крајот на годинава, најави Пандов