Срѓан Керим учествуваше на Самитот на Африканската унија

На 30 и 31 јануари во Адис Абеба, Етиопија се одржа Самит на Африканската унија, на ниво на шефови на држави и влади, на кој во својство на набљудувач учествуваше и Срѓан Керим, македонскиот кандидат за функцијата на генерален секретар на ООН.
Канцеларијата на Керим денеска соопшти дека за време на заседанието, тој имал билатерaлни средби со министрите за надворешни работи на Ангола, Кенија, Танзанија, Мали, Сомалија, Чад, Судан, Јужен Судан, Џибути, Етиопија, Гана и Мозамбик.
Керим се сретнал и со генералниот секретар на ООН Бан Ки-мун, со генералниот секретар на Африканската унија, Никосазана Зума, со поранешниот претседател на Генералното собрание на ООН, Амара Еси од Брегот на Слоновата Коска и со претседателот на Интернационалната Организација за Миграција, Вилијам Лејси Свинг.
За време на самитот, Керим имал средби и со претставници на земјите набљудувачи, вклучувајќи го и претседателот на Србија, Томислав Николиќ, министерката за надворешни работи на Аргентина, Сузана Малкора, министерот за надворешни работи на Холандија, Берт Коендерс и со министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, како и со европската комесарка Кристалина Георгиева и со високи претставници од Министерствата за надворешни работи на Турција и на Нов Зеланд.
Средбите биле искористени за размена на мислење околу приоритетите и агендата на Африканската унија, како и за главната тема на самитот: човековите права и правата на жените. Освен тоа, се раговарало и за процесот на избор на следниот Генерален секретар на ООН .
На учесниците на самитот им е презентирано и поделено излагањето на Срѓан Керим на тема „Главните приоритети во агендата на ООН од Аспект на Африка.
Ново на Сител
-

Бројот на жртви од поплавите во Непал и Кина надмина 1.000
-

Учениците се враќаат на настава, почнува учебната 2026-2027 година
-

Од денеска од Зелениково до Нова железничка станица во Скопје со Градски воз
-

Европа негодува поради враќање на Русија во Г20
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Трамп размислува за ограничени напади врз Иран
-

Полицијата во Њујорк застрела жена која претходно со ножеви нападнала две лица на „Тајмс сквер“
-

Русинот осомничен за тројно убиство во Црна Гора по кратка престрелка со полицијата се самоуби
