Телефонски разговор Османи-Ан Линде за европската перспектива на Северна Македонија и апликацијата за членство на Шведска во НАТО
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска, оствари телефонски разговор со министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линде, на која, како што информираат, било разговарано за надворешно-политичките и безбедносните приоритети на двете земји, европската перспектива на Северна Македонија, апликацијата за членство на Шведска во НАТО, како и за актуелните меѓународни предизвици во променетиот геополитички контекст.
Османи, како што информираат од неговиот кабинет, се заблагодарил за шведската континуирана посветеност на процесот на проширување на ЕУ и принципиелниот став на Шведска дека одлуката на Советот на ЕУ од март 2020 година, во однос на отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија, треба да се спроведе што е можно поскоро. Воедно, изразил благодарност за континуираната развојна соработка и поддршка од Шведска во споделување искуства и зајакнување на капацитетите на институциите на нашата држава, особено на полето на демократијата, владеењето на правото, човековите права, родовата еднаквост, климатските активности, заштитата на екосистемите, инклузивниот економски развој.
Министерот Османи, исто така, истакнал дека Северна Македонија, како најнова членка на НАТО, е силен поборник за политиката на отворени врати на Алијансата, заснована на заслуги и за правото на секоја нација да избира или да ги менува сопствените безбедносни аранжмани, вклучително и нивниот надворешно-политички курс.
Ново на Сител
-

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира - САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025
-

МВР: Во септември санкционирани 1.803 возачи на велосипеди и мотоцикли, одземени 88 мотоцикли
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Зеленски: Путин не е заинтересиран за мировни преговори, извозот на дизел во САД само ќе му ги наполни џебовите
-

Москва ја поздрави одлуката на Трамп за укинување на пакетот санкции против Русија
-

Приведени две лица поради нелегална сеча на дрва
-

Акциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршок
-

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник
