Рама: Бугарија добива поддршка да ја дестабилизира Македонија
Бугарија добива поддршка да ја дестабилизира Македонија, а тоа води до раздор, изјави албанскиот премиер Еди Рама.
Вели дека ниту пандемијата, ниту војната не ги обедини Европејците. Тој додаде дека Македонија била главна тема, која 17 години чека на отворање на преговорите и го сменила името, што не довело до никаков напредок.
„Не е само Бугарија во прашање, тоа е проблем, но не е само Бугарија. Европската унија е уморна од проширувањето. Таа стана повеќе инструмент за поединечни членки да запрат нешто. Приказната со Бугарија е срамота и една земја ги краде шансите за пристапни преговори со другите членки. Излезе дека една земја наметнува нешто свое а другите членки не можат ништо да направат околу тоа. Знаеме дека Бугарија добива поддршка да ја дестабилизира Северна Македонија, а тоа води до раздор. Нема да го чекаме Годо. „Ние на Балканот нема да се откажеме и ќе продолжиме да работиме и еден ден ќе станеме членки на Европската унија“, додаде Рама.
Ново на Сител
-
Палевски побара изземање на обвинителката Крстевска и целото ОЈО, судењето одложено за 3 февруари
-
Приведен криминалец кој бил осуден на затворска казна од 11 години
-
Челси го комплетираше најскапиот трансфер во женскиот фудбал
-
Евертон заинтересиран за Артур Мело
-
Бруклин го повлече дресот со број 15 во чест на Винс Картер
-
Анчелоти: Првенството е предолго за да се мисли дека се е готово
-
Консеисао нема проблеми по инцидентот во Калабрија: Не сме во црква, ова е фудбал!
-
Зверев: Очигледно не сум доволно добар за да освојам Гренд слем трофеј