Бектеши: Цената на струјата што ја понуди ЕСМ не е нереална, туку одговорна одлука

Понудената цена на струјата од страна на ЕСМ од 48 евра за мегават час, не е ниту нереална во вакви околности, а најмалку политичка, туку тоа е одговорна одлука, оцени министерот за економија Крешник Бектеши.
Тој во објава на Фејсбук наведува дека просечната цена за мегават час електрична енергија за периодот јули – декември 2022 година на берзите се движи околу 350 евра.
– Во услови на енергетска криза, како одговорна Влада, секогаш им излегуваме во пресрет на граѓаните, така и ќе продолжиме во иднина, нагласува министерот за економија.
Бектеши потенцира дека со мерките кои што досега ги превзема Владата се надоместени 80 отсто од фактурите за струја за домаќинства и над 60.000 компании.
– Во оваа насока ќе продолжиме и понатаму се со цел да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови, додава Бектеши во објавата.
ЕСМ беше единствениот понудувач на тендерот за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јули – декември годинава распишан од ЕВН Хоме како универзален снабдувач на електрична енергија, нудејќи цена од 48 евра за мегават час, што е 17 проценти повисока од претходната.
– АД ЕСМ како најповолен и единствен понудувач на тендерот преку електронска аукција, му понуди на ЕВН Хоме купопродажна цена на електрична енергија од 48 евра за мегават час, за покривање на 100 проценти од вкупно планираните количини. Добиената купопродажна цена 48 евра за мегават час за периодот јули – декември 2022 e за 17 проценти повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јануари – јуни 2022), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена на електрична енергија од 41 евро за мегават час за вкупните планирани потреби на ЕВН Хоме, информираа во петокот од ЕВН Македонија.
ЕСМ ваквата своја понуда ја правда со „енормното зголемување на цените на енергенсите на глобално ниво, како и нивната недостапност, особено во период на грејна сезона“.
– Цените на мазутот, јагленот, гасот и електричната енергија забележуваат исклучително поскапување и тешкотии при набавката, што влијае врз производната цена на електричната енергија од АД ЕСМ, соопштија од ЕСМ.
Ново на Сител
-

Протести во Прага поради планираното укинување на претплатата за чешките јавни медиуми
-

Од специјализирана продавница за „Покемон“ украдени карти во вредност од над 130.000 евра
-

Трамп бара од Конгресот дополнителни средства за модернизација на американскиот систем за контрола на воздушниот сообраќај
-

Следува променливо облачно и потопло време, од среда повремено силен јужен ветер
-

Изминатото деноноќие 15 пријави за семејно насилство во државава
-

Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци
-

Седум ПП возила и 19 пожарникари гаснеле запалена барака во Жданец
-

Николоски: Охридскиот аеродром годинава ќе достигне помеѓу 370.000 и 400.000 патници наспроти предвидените 130.000 до 2030 година
