СПМ: Предлогот задира во идентитетот - Ковачевски ја манипулира јавноста - оставки веднаш и нови избори
Социјалистичката партија на Македонија оценува дека модифицираниот француско-бугарски предлог, за кој претседателот на Владата се изјасни дека е државнички, всушност не се разликува од претходниот предлог кој наводно го одби.
Отворено поставуваме прашање како е можно во изминативе само два дена да се најде решение за децениски ирационален проблем кој го наметнува Бугарија и кои се тие добиени отстапки во прилог на Македонија?
Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека предлог кој задира во идентитетски и јазични прашања не може да е државнички туку, напротив. Оттаму во целост ја спориме изјавата на премиерот Ковачевски и ја цениме како повторна манипулација на македонската јавност.
Владата под бугарски диктат, уцени и закани води скриена и кукавичка политика. Македонија го доживува комплетното фијаско во надворешната политика и повторно доживува нов национален срам.
Затоа Владата треба да си оди!
За катастрофалните политики премиерот Ковачевски и министрите Османи и Маричиќ ќе носат не само политичка одговорност.
Тие ја изгубија довербата кај народот, и мора да одговараат за непроценливата штета што и ја нанесоа на нацијата и државата.
За вакви суштински и неразумни промени во државната политика, за предлогот за бугаризација и асимилација на македонската нација, мора да се слуша само гласот на народот.
Со криењето на текстот за сето време, па и пред днешната импровизирана дебата во владата, без претхдоно да се презенетира предлогот не им се овозможи ниту на партиите кои ја сочинуваат владината коалиција навреме да се изјаснат за предлозите.
Македонските социјалисти бараат оставка од владата и итни парламентарни избори за да се спаси државата од предавници кои се пазарат со нејзините свети идентитетски обележја и кои го загрозуваат постоењето на македонскиот народ и држава.
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
-
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
-
Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка
-
СПМ: На 8 мај народот ќе ја определи својата иднина и иднината на државата
-
Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
-
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај
-
Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден
-
Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350