Мицкоски: Не ни треба Европа ако треба да се асимилираме
Денеска Македонија се буди и сите оние кои сакаат со потпис за ден – два од денеска да стават крај на Македонија, тоа нема да им го заборави македонскиот народ и македонските граѓани. Нас не ни треба Европа, ако треба да се асимилираме, е пораката што ја упати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва пред почетокот на сенародниот протест „Ултиматум – Не благодарам“.
– Јас не сакам да бидам во Европа затоа што имам право да бидам Македонец, кој говори на македонски јазик и кој се бори за својата Македонија, за својот идентитет, за својата култура, за својата историја и за совоето наследство. Тоа е она што сакам денеска да го порачам, а тоа го порачуваат и овие десетици илјади граѓани, за неколку недели од оној грандиоизен настан од 18 јуни, изјави Мицкоски.
На Владата, како што рече Мицкоски, и порачува дека него не го интересира пораката на Еди Рама, туку го интересира пораката на овие илјадници луѓе тука, а тоа е „не“ за последниот предлог.
– Ќе почекаме, ако Европа не е подготвена да не прими нас цивилизираните Македонци, на цивилизиран и достоинствен начин, таму каде што ни е местото, а тоа е во Европа, ќе почекаме кога ќе дојдат луѓе кои го разбираат она што ние денеска сакаме да го кажеме. А тоа е Македонија пред и над се, македонскиот идентитет пред и над се, нагласи лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Мицкоски.
На овој голем сенароден протест нема политика, има само една партија, а тоа е Македонија, истакна лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Мицкоски и додаде дека тука се луѓе од сите политички партии, но и оние што се неопределени, а кои изминатото деноноќие дадоа голем отпор и на социјалните медиуми, јавно, но и во друштво со своите сомисленици.
Ново на Сител
-

Велешката полиција фати крадец на пари и златни предмети кои ги заложил
-

Лидерска средба утре во Клубот на пратениците за реформските закони и за укинување на техничката влада
-

17 години затвор за убиецот на турскиот државјанин во Штип
-

Судиите на 29 јануари ќе избираат член на Судскиот совет од редот на судиите од немнозинските заедници
-

Алгел: Вевчанскиот карневал уникатен и со традиција
-

80-годишен дедо фатен со 16 пакетчиња кокаин во Сплит, на полицајците рекол „Тоа е за здравје, се препородив“
-

Ножот се скршил, зел ножици па откако и тие се свиткале зел друг нож, детали за убиството во Богданци
-

Двајца браќа пензионери измамени од тетовец за 15.000 евра
