Грантови од по 1.500 евра за 200 нови работни места

Нови 200 вработувања ќе се реализираат преку мерката за финансирање поестоечки микро и мали претпријатија за што се се издвоени вкупно 18 милиони и 400 илјади денари. Со по 1.500 евра ќе се финансира секое новоотворено работно место во претпријатијата. Огласот за мерката е отворен денеска и нема временско ограничување односно ќе трае додека не се испони предвидената бројка.
Како што појасни денеска заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов заинтересираните компании можат да аплицираат за отворање од 1 до 5 работни места, а средствата ќе ги добијат во опрема и репроматеријали.
Триесет проценти од средствата, појасни Спасов, ќе бидат наменети за субвенционирање на отворање работни места за млади до 29 години, односно ќе бидат отворени осумдесеттина работни места за овие лица.
- При досегашното спроведување оваа мерка се покажа како многу успешна, или најуспешна од сите мерки. Со сеа се отворени 569 работми места, а успешноста и одржливоста на новите работни места е 90 проценти, рече Спасов.
Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Попоски појасни дека претпријатијата кои ќе аплицираат треба да имаат најмалку еден вработен. При апликацијата треба да достави бизнис план за идните вработување и проширувањето на бизнисот. Ќе се проверува и дали претпријатијата имаат долгови по основ на даноци или придонеси.
Претпријатијата ќе можат да побараат помош за отворање работни места за 1 до 5 лица, и за онолку колку ќе му бидат одобрени ќе добие средства кои, како што појасни Поповски, не се парични туку во опрема и репроматеријали.
Ново на Сител
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
-

Рама одбива да поднесе оставка, тврди дека зад протестите стојат надворешни сили
-

Франција: Над 1.800 уапсени и 500 повредени полицајци по вчерашните протести, Макрон вечерва ќе ѝ се обрати на нацијата
-

Сообраќајна контрола во Скопје: Осум возачи затекнати под дејство на алкохол
-

ФФМ: ВАР проверката потврди офсајд, поништен гол на Башкими против Силекс
-

ДИК: Излезноста во Брвеница до 13 часот е 20,50 отсто, споредено со првиот круг од изборите во 2025 излезноста поголема за 1,48 проценти
