Отворено првото детско инклузивно игралиште во општина Илинден
Во општина Илинден денеска беше отворено првото детско инклузивно игралиште, со разновидни реквизити кои можат да ги користат сите, вклучително и децата со посебни потреби, а се наоѓа во спортско рекреативниот центар во Марино.
Инклузивното игралиште е направено во соработка со Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност – Македонија и општествено одговорни компании од општина Илинден.
На свеченото отворање на игралиштето градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски истакна дека ова е првото детско инклузивно игралиште во Општината, но, како што потенцира, не и последно. Додаде дека како локална самоуправа ќе продолжат и во наредниот период да градат детски игралишта од ваков тип, со цел децата да имаат простор каде ќе можат да се рекреираат.
На отворањето, градоначалникот Георгиевски им додели благодарници на општествено одговорните компании кои помогнаа во изградбата на детското инклузивно игралиште и Националниот сојуз Мобилност- Македонија.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг