-->
-->
Прилеп: Годинава ќе бидат изградени 10-те железнички станици
-->
Преку 80 отсто од работите на обновата на железничката станица во Прилеп се завршени. Одлично течат работите, изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисјаловски денеска во Прилеп, запрашан како се одвива проектот со Европската унија за обновата на 10 железнички станици на Коридорот 10.
- Согласно динамиката што ја имаме со изведувачите и координацијата со Европската Унија, очекуваме обновата на сите железнички станици оваа година да биде завршена, нагласи Мисајловски.
Тој додаде дека се работи и на делницата Битола- Краменица која е нова. - Се работи на оваа нова делница со еден крак кон Жабени. Целата траса е веќе пробиена. На теренот работиме ефективно. Овие месеци имаше послаб интензитет поради временските услови, но очекуваме компаниите кои работат и нивните подизведувачи наредните месеци да ја засилат работата. Очекувам, согласно договорот комплетно трасата да биде рехабилитирана, изјави Мисајловски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг