Опасен топлотен бран зафати делови од Кина, САД и Европа
Кинеските метеоролози предвидуваат дека температурата во некои градови во следните 24 часа ќе достигне 40 степени Целзиусови, пренесува лондонски „Гардијан“. Во Шангај, најнаселениот град во Кина, властите ги предупредија жителите да се подготват за невообичаено топло време. Од почетокот на температурните рекорди во 1873 година, Шангај има само 15 дена со температури над 40 степени Целзиусови.
Југозападните и централните области на САД се соочуваат со екстремна жештина, со 42,2 степени Целзиусови во Вако и рекордни температури измерени минатиот викенд во градови во Тексас, Колорадо, Оклахома и Арканзас. Се предвидува пад на температурите во Тексас до крајот на неделата, додека во Аризона ќе продолжи да расте и до следниот петок во главниот град на државата Феникс ќе достигне 45 степени Целзиусови.
Шпанија е зафатена од вториот топлотен бран ова лето, со температури кои оваа недела достигнаа 44 степени Целзиусови во некои региони во јужниот и југозападниот дел на земјата. Топлотниот бран во Шпанија, што почна минатата сабота, се очекува да продолжи и претстојниот викенд.
Ново на Сител
-

Трамп: Европа не е тоа што беше порано, да не бевме ние во Данска ќе се зборуваше германски и јапонски
-

Стојаноски: Со новиот Кривичен законик секој во државава ќе мора да ги почитува законите, а правдата ќе важи за сите
-

Сите државни патишта проодни и безбедни за сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
-

Трамп со јасна порака во Давос: САД нема да употребат сила за да го преземат Гренланд
-

Тошковски: Во тест периодот на „Безбеден град“ девет жртви помалку од истиот период лани
-

Управниот одбор на АД ЕСМ именува времени координатори во РЕК Битола и РЕК Осломеј
-

Николоски: Апелирам до ЕУ, македонските превозници да бидат ослободени од новите правила за влез во Шенген зоната за да не трпиме економски штети
-

Собранието донесе неколку закони во рамките на 81. пленарна седница
