Во Јужна Кореја за еден ден регистрирани над 40 илјади заразени со Ковид-19
Новите случаи коронавирус во Јужна Кореја надминаа 40 илјади за првпат во два месеци, а Владата во Сеул предупреди дека наредните месеци би можело бројот заразени да се зголеми и петпати повеќе од тоа ниво.
„Дневниот број случаи може да достигне 200 илјади помеѓу средината на август и крајот на септември“, рече премиерот Хан Деок-су на владиниот состанок посветен на борбата против Ковид-19, пренесувајќи го мислењето на Корејската агенција за контрола и превенција на болести и експерти.
Изминатиот ден во Јужна Кореја се регистрирани 40.266 случаи, што е зголемување за 8 проценти споредбено со ден претходно. Тоа е највисоко ниво од 11 мај, кога беа пријавени 43.908 случаи.
Бројката од 200 илјади случаи дневно беше достигната во април оваа година.
Јужнокорејскиот премиер рече дека сите постари од 50 години и оние кои страдаат од хронични болести ќе можат да добијат втора засилена доза. Досега тоа им беше дозволено на лицата постари од 60 години, но само 32 отсто од оние кои ги исполнуваа условите решија да се вакцинираат по четврти пат.
Ново на Сител
-

Приведени двајца дрвокрадци во липковско, пронајдено огревно дрво без документација
-

Смртно затрелан албански полициски специјалец, друг ранет, во акција за апсење на барано лице
-

Миланов: Безбедната храна не е привилегија, туку основно право на секој граѓанин
-

БИА го советува Вучиќ да не патува во Тиват
-

Муцунски: Остануваме цврсто на позицијата дека во овој момент нема услови за уставни измени
-

Бебе „продадено“ за 500 евра и бесплатни гинеколошки прегледи во Куманово
-

Албанската мафија станува сè повлијателна во Белгија
-

Меси се појави на тренинг на Аргентина
