Мицкоски: Може сум преголем оптимист, но верувам дека постои малку македонско кај некои од пратениците на СДСМ

Продолжуваме онаму каде што застанавме. Рековме дека сето она кое што ќе се случува деновите кои што се пред нас во Парламентот преставува обична фарса, суштината е во оваа зграда овдека. А, суштината е дека тие што се во оваа зграда овдека веќе се сложиле на тоа кое што го нарекуваат модифициран последен предлог, а во суштина е ништо повеќе отколку директен удар врз македонскиот идентитет. Тоа се луѓето кои што ќе останат запаметени во македонската историја како луѓе кои што го распродаваа идентитетот македонски за да ги зачуваат своите фотелји уште неколку месеци.
А, она што ќе се случува овие два дена во рамките на Парламентот е обична фарса бидејќи само 41 глас се доволни за да т.н. заклучоци или тој лист хартија да бидат усвоени.
Јас навистина не знам што друго да кажам освен тоа дека треба да кажат НЕ во последен момент. Претпоставувам дека барем малку има македонско во нив и ако има барем малку македонско во нив тогаш ќе кажат НЕ. Бидејќи ќе повторам уште еднашка, ова што се нуди не е почеток на преговори за Македонија. Ова што се нуди е сликање во Брисел, за да ги отпочнеме преговорите потребно е да биде променет Уставот, а ние како ВМРО-ДПМНЕ јасно и гласно кажавме дека Уставот нема да се промени и покрај шпекулациите на одредени слуги и платеници на власта дека постоеле вакви, постоеле такви структури во парламентот.
Еве јас најодговорно ви тврдам дека ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за измените на Уставот, а нема да гласа мислам ниту пратениците од СДСМ откако ќе го видат Протоколот кој ќе го потпише Бујар Османи. Затоа што тој е толку лош, што мислам дека дури некои од тие или пак можеби сум преголем оптимист па не знам што да кажам, но дури се уште верувам дека кај некои од пратениците од СДСМ постои малку македонско затоа што кога ќе го прочитаат предлогот односно протоколот којшто ќе го потпише Бујар Османи ќе се предомислат и ќе се проколнуваат самите себеси затоа што и воопшто дозволиле да гласаат за ова што се нарекува последен модифициран предлог.
Така што ете тоа е она кое нас не чека во деновите коишто следат, бидете спокојни. Апел до македонската јавност дека можеби ова на сила ќе им помине во Парламентот и можеби ќе има кушкачи чија што единствена цел е да направат директен пробој во македонскиот идентитет. Ќе измислуваат дека имало пратеници, вакви или такви коишто се подготвени за Уставни измени, но јас ве уверувам дека такви Уставни измени ВМРО-ДПМНЕ, а и поголем дел од пратениците од Парламентот нема да поддржат.
Ново на Сител
-

Муцунски во Софија без договор за суштинските прашања: Недовербата и натаму е пречка
-

Мицкоски: Опозицијата и Филипче трујат со лаги, Фон дер Лајен ги демантираше со потврда дека има реформи
-

Трамп се правда по изјавата за уништување градови во Калифорнија: „Бев погрешно разбран“
-

Чупиќ: Јас сум виновен за поразот
-

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

САД ќе го пренесуваат во живо стрелањето на осуденикот Нидал Хасан
-

Нафтата поевтини по најавата на Трамп дека нема напад врз Иран пред изборите
-

Црна Гора и Хрватска денеска ги почнуваат преговорите за отворените прашања
