Ноќеска ветер, а утре сончево со мала локална облачност и температура до 35 степени

Времето денеска беше сончево и топло со мала локална облачност во северните делови. Од пладневните часови облачноста се прошири во останатите делови од земјата и особено во штипско и во делови од Пелагонија почна да засилува северен ветер. Попладнево повеќе облачност имаше во западните делови од земјата и таму понекаде имаше краткотраен пороен дожд. Доцна попладне ветерот засилува во Штип и повремено е со удари од 45 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Облачноста доцна попладнево ќе се намалува, а ветерот ќе засилува вдолж Повардарието и во првиот дел од ноќта. Потоа ветерот ќе намали, но ќе остане по малку ветровито.
Најтопло денеска беше во Гевгелија 35 степени, во Демир Капија 34, во Струмица 33, во Охрид и Битола 32, во Штип 31, во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Виница и Претор 30 степени..
Времето утре ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено силен ветер (до 60 километри на час) од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степен.
Во наредниот период следува стабилно време. До вторник ќе дува умерен до силен северен ветер (до 60 километри на час) кој ќе биде најизразен вдолж Повардарието и во источните делови. Дневните температури од утре ќе бидат во постепен пораст.
Ново на Сител
-

Во Обединетото Кралство секој ден во просек по петтмина Албанци се осудуваат на казна затвор
-

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница
-

Трамп до Иран: Отворете ја проклетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол
-

Мицкоски: Се разгледуваат нови мерки ако за тоа има потреба, ќе се одредуваат согласно глобалните состојби
-

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола
-

Три жени нападнати од своите сопрузи во Скопје во последното деноноќие, во Штип синот го нападнал својот татко
-

Мицкоски: Состојбата со горивата во овој момент е стабилна, нема потреба од какво било ограничување
-

Малолетници консумирале алкохол во угостителски објект, а во една обложувалница биле затекнати малолетници
