СДСМ: По 17 години во чекалната, Република Северна Македонија ги започна преговорите со ЕУ

Република Северна Македонија по 17 години во чекалната, ги започна преговорите за членство во Европската Унија.
Со првата меѓувладина седница и со скрининг процесот кој е во тек Северна Македонија го отвори направи историски исчекор кон реализација на стратешката цел - членството во ЕУ.
Преговорите се водат на македонски јазик, со чиста формулација, без никакви фусноти и додавки, со заштитен македонски јазик и со историски прашања надвор од преговарачкиот процес.
Со тоа пропаднаа сите лаги за наводна асимилација и бугаризација, за загрозување на македонскиот идентитет што хистерично ги ширеше ВМРО-ДПМНЕ.
Времето покажа дека сите такви лаги служеле единствено за да се попречи напредокот на државата и таа да се врати назад во изолација и неизвеснот.
Сега, потребно е сите да се вклучат во процесот на преговори, потребните реформи да бидат донесени за преговарачкиот процес да заврши што побрзо.
Македонската иднина е европска и неа не може никој да ја загрози.
СДСМ
Ново на Сител
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
-

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
