Светски ден за борба против карциномот

Во Македонија денеска се одбележува 4 Февруари - Светскиот ден за борба против карциномот, кој годинава се спроведува под слоганот „Ние можеме, јас можам” и повикува на активно вклучување на поединците, заедницата и надлежните институции со цел превенција и намалување на последиците од појавата на карциномите.
Кампањата се фокусира на информирање и едукација за зголемена свесност за превенција од карцином, обезбедување на соодветен пристап до здравствените услуги, обезбедување здрава животна средина и да се повикување за унапредување на политиките по однос на ова прашање.
Една од областите во кампањата за 2015 година е обезбедување на пристап до здравствените услуги, а клучна улога во борбата против карциномот претставуваат превентивните здравствени услуги. Според Светската декларација за карцином, секоја земја треба да обезбеди скрининг на населението за рана детекција на карциномите за кои постојат скрининг методи, вклучувајќи ги и карциномот на ракот на грлото на матката и карциномот на дојката. Со воведување на овие методи значително се намалува стапката на смртност.
Во Македонија во просек годишно од карцином на дојка умираат околу 280 жени, а од карцином на грло на матка умираат околу 30 жени, и покрај тоа што двата вида на карцином можат навремено да се откријат и излекуваат.
Здружението за борба против рак „Борка-за секој нов ден“ од Скопје по повод Светскиот ден за борба против карциономот ќе промовира веб-кампања со информации за методите на превенција од рак како потенцијално излечива болест и печатење на лифлети со базични информации за граѓаните, споделување на информации од јавен карактер за превенција, намалување на ризикот и третман на оваа болест преку веб порталот на Здружението и веб апликациите фб, твитер и слично.
Лифлетите ќе ги делат волонтери во Скопје и градовите низ Македонија каде што Здружението има подружници.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: 8 Септември трајна обврска за секоја генерација да ја направи подобра државата
-

Охридскиот аеродром со ново лице, поголем капацитет и подобри услови за патниците
-

Потпишан договор за соработка меѓу Државниот архив на Македонија и Хрватскиот државен архив
-

Мицкоски: Модернизиран охридскиот аеродром, подобрени услуги за патниците
-

Во Тирана одржан 100-тиот граѓански протест против изградба на луксузно одморалиште во Зврнец и Сазан, најавена граѓанска непослушност
-

Експлозии одекнаа во центарот на Атина, бомби фрлени врз два бара
-

Фон дер Лајен: Шокантни беа сцените од погребот на Младиќ во Белград
-

Силјановска Давкова го честита 8-ми Септември: Нашата визија е стабилна и напредна европска држава
