Последни подготовки за лансирање на најмоќната ракета на НАСА – „Артемис-1“ на Месечината

Тимовите за лансирање во вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида ги завршија последните подготовки пред планираниот денешен прв пробен лет на џиновската ракета „Артемис-1“ од новата генерација, како дел од програмата на НАСА „Од Месечината до Марс“, 50 години по ерата на ракетата Аполо, соопшти НАСА.
Претставници на НАСА потврдија дека сите системи се подготвени за лансирање на ракетата, а временската прогноза предвидува 80 отсто поволни временски услови за првиот лет, што треба да почне денеска околу 10:30 часот по средноевропско време, пренесуваат британските медиуми. Доколку од било која причина дојде до одложување на денешното лансирање на „Артемис-1“ НАСА ги одреди 2 и 5 септември како алтернативни датуми за лансирање. -Засега сè во врска со вселенското летало изгледа добро.
Возбудени сме, ракетата е подготвена и изгледа одлично, изјави Џеф Сполдинг, висок претставник на НАСА. Новата ракета на НАСА за освојување на Месечината остана неоштетена, откако пет грома удрија во лансирната рампа. Американските медиуми наведуваат дека ракетата „Space Launch System“, висока 98 метри, е најмоќната ракета што некогаш ја изградила НАСА.
Таа е направена да испрати празна капсула во орбитата на Месечината, половина век по програмата Аполо на НАСА која испрати 12 астронаути на Месечината. Доколку овој шестнеделен тест мине добро, астронаутите за неколку години би можеле да се вратат на Месечината, но претставници на НАСА предупредуваат дека ризикот е голем и летот може да биде прекинат.
Ново на Сител
-

Успешен ден за македонските кикбоксери: Три обезбедени бронзи и победа на Глигорова
-

ЈО: Истрага за нападот на Огненовиќ
-

Повеќе случаи на партнерско насилство низ земјава, приведени неколку лица
-

На Инфективната клиника има 12 пациенти со западнонилска треска од кои три се на интензивна нега
-

Мајка од Скопје пријавила профил на кој биле објавувани недолични содржини од нејзината ќерка
-

Кривична пријава за 15-годишник кој ја нападнал својата баба
-

Во кругот на фабриката Железара избувнал пожар - нема повредени
-

Две малолетнички тешко повредени откако паднале од електричен тротинет
