СДСМ: Нови 50 милиони евра за максимално домашно производство на струја
Во услови на светска енергетска криза, институциите предводени од СДСМ спроведуваат ефикасни и навремени мерки за обезбедување на соодветно количество електрична енергија за граѓаните и стопанството.
Со последната одлука на Владата, обезбедени се нови 50 милиони евра за ЕСМ, за да може максимално да го зголеми производството на електрична енергија.
Домашното производство на струја веќе е зголемено, во функција се ставаат сите расположливи капацитети и енергетски потенцијали, како и од нови обновливи извори на енергија.
Тука се и мерките за заштеда на струја во институциите, со кои нивната потрошувачка треба да се намали за 15 отсто.
Предложени се и поедноставени процедури за поставување на фотоволтаици.
Во услови на вртоглав раст на цените на електричната енергија на светските берзи, СДСМ се грижи за стандардот на граѓаните и преку субвенции ги заштитува од ценовен шок.
Обезбедено е субвенционирање на 80 отсто од цената на сметката за струја за граѓаните, а граѓаните плаќаат само околу 20 отсто од цената.
Сите граѓани, но и 72.000 мали потрошувачи, а тоа се помали приватни компании плаќаат 20 отсто од потрошената струја, а 80 отсто е субвенционирано од државата.
СДСМ и во време на криза со одговорни политики, се грижи за сите граѓани.
Ново на Сител
-
Бела куќа: Фактот што Трамп го покани Нетанјаху пред другите значи дека ќе продолжи цврсто да стои со Израел
-
Таткото на Фросина најави помасовни протести и бара доживотен затвор за Васил
-
Началникот на ГШ на германската армија предупредува на сериозноста на заканата од Русија
-
Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија ветуваат дека ќе го одбранат УСАИД
-
МОН: Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Каласлари – Градско
-
Кривична против градежна инспекторка од општина Куманово
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник