МЗШВ: Исплатени 62,2 милиони денари субвенции кон 1.700 сточари одлгедувачи на кози за обележани грла кози

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска соопшти дека Агенцијата за финасиска поддршка на земјоделството и руралниот развој изврши исплата на директните плаќања за обележани грла кози.
Кај оваа мерка, како корисници се јавуваат земјоделските стопанства одгледувачи на кози, кои поседуваат најмалку десет грла кози од сите категории евидентирани во Регистарот на одгледувалишта на кози.
Како што соопштија од МЗШВ, исплатена е финасиска поддршка во вкупен износ од 62.201.000 денари кон 1.700 сточари, одгледувачи на кози.
Директните плаќања кон одлегувачите на кози изнесуваат 1.200 денари по грло, односно 1.300 денари по грло за земјоделски стопанства со пријавен број на грла за финансиска поддршка од минимум 50 до максимум 150 грла за сите категории и возрасти.
-Преку ребалансот на буџетот за 2022 година обезбедени се 2,7 милијарди денари, средства наменети за испалта на субвенциите кон земјоделците. Со овие средства до крајот на годината МЗШВ, целосно ќе ги исплати заостанатите обврски кон земјоделците, а ќе започне и авансната исплата на субвенциите. Согласно подготвената динамика за исплата следува исплатата на субвенциите кон сточарите, одгледувачи на овци и гоеници, соопштија од Министерството.
Претходно, во текот на август, АФПЗРР изврши исплата кон сточарите одгледувачи на говеда и пчели, односно се исплатија 329.512.000 денари субвенции за обележани грла говеда до близу 9.700 корисници и 210 милиони денари финасиска поддршка за презимени пчелни семејства до 5.877 пчелари.
Ново на Сител
-

Лишен од слобода гостиварец баран со потерница за казна затвор во траење од осум години
-

Просечната нето-плата во февруари 46.159 денари
-

Најдолгото гостување во Македонија: Кратери осум часа патуваа за Силекс
-

Охрид и Силекс ремизираа во првото полуфинале од Купот
-

Без вода утре делови од Центар и Чаир
-

Уапсен скопјанец, во возилото му се пронајдени скоро 30 грама кокаин
-

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши
-

Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица
