Мицкоски: Општина Сопиште и покрај опструкциите од Владата успешно ги реализира проектите
Покрај паркинг просторот тука се наоѓа и новата практично детска градинка која што заедно со овој дел ќе биде комплетирана и ќе може да ги прими новите дечиња и со тоа проблемот со детски градинки овдека во општина Сопиште горе-доле е затворено како прашање односно сите капацитети ќе бидат исполнети и ќе бидат задоволени практично потребите на оние граѓани кои што дечињата ги носат во детските градинки. Што се однесува до останатите проекти имаме термоенергетска фасада во основно училиште во населеното место Чифлик и навистина сето она кое што се гледа овде во општината Сопиште но и било каде во Македонија за жал можам да кажам имајќи предвид и околностите и опструкциите од страна на Владата е навистина оптимистично и одговара на потребите и барањата на граѓаните и практично реализацијата на проектите од кампањата која што ја имавме за време на локалните избори минатата година.
Голем дел од општините тие најави кои што ги имам и покрај тешките услови би рекол во рокот кој што беше предвиден од 4 години да ги реализираат проектите ќе ги реализираат, а некои има најава да ги реализираат и за половина од тој период, па ќе мора нови проекти да се прават.
Убеден сум дека со новата влада на ВМРО-ДПМНЕ голем дел од проектите на општините ќе влезат и во таканаречените капитални инвестиции и ќе се почувствува што значи кога ќе имаме и општини и централна вода која што ќе ги поддржува општините, а не да ги опструира како што тоа го прави оваа влада.
Така што навистина исклучително оптимистични резултати овдека во општина Сопиште, јас само посакувам така да се продолжи, впрочем тоа го кажаа и граѓаните на последните локални избори, го реизбраа градоначалникот повторно, така што задоволни се, го реизбраа со огромно мнозинство три пати повеќе од неговиот против кандидат, очекувам така да се продолжи и во периодот кој што следи.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Генералниот секретар на ОН го поддржува Одборот за мир, но го смета за личен проект на Трамп
-

Изборен молк на сила во Словенија пред неизвесните парламентарни избори
-

Иран првпат употреби интерконтинентална ракета со среден дострел во напад врз американско-британска воена база; Пентагон не потврдува
-

Доналд Трамп изјави дека САД размислуваат за „постепено намалување“ на операциите на Блискиот Исток
-

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди
-

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД
-

Уапсени девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник
-

Вучиќ: Србија не е опасност за регионот
