Николовски: Преку Отворен Балкан ќе се обезбедуваат доволно прехранбени продукти во секој поглед
– Со договорот за обезбеденост на храна што го склучивме во рамки на последниот Самит на Отворен Балкан се обврзавме дека нема да има бариери меѓу Албанија, Србија и Северна Македонија. Ќе се обезбедуваат доволно прехранбени продукти во секој поглед, а така ќе биде и за млекото. Нашата поддршка или промена во политиките ќе биде сериозна, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Тој во одговор на новинарско прашање дали ќе бидеме снабдени со прехранбени продукти, посочи дека преку овој договор, се она што ние го немаме треба да ни биде обезбедено од страна на Србија или Албанија, а тоа што тие го немаат а ние го прозиведуваме, а имаме вишок, треба да го споделиме.
-Во рамки на договорот за обезбеденост на храна кој што го склучивме во рамки на последниот Самит во Отворен Балкан, се формираше и Комисија која ги анализира сите складишни капацитети на сите три држави, се со цел да ги обезбедиме граѓаните со основните продукти во рамки на овие три земји. Ние за 30 отсто предлагаме зголемување на основните субенции по грло во делот на сточарството, ги елиминираме сите мерки кои се злоупотребуваа до сега на база на сите анализи и верувам дека овој концепт ќе даде сериозна поддршка во делот на сточарството, како и останатите мерки од програмата за рурален развој, додаде Николовски.
Тој напомена дека ќе се анализираат тековните состојби а во моментов, како што рече, нема некој аларм во однос на недостиг на продукти.
Ново на Сител
-

Приведени шест малолетници од Скопје, со употреба на остар предмет од малолетник одзеле пари
-

25-годишник пијан предизвикал пожар во своето село, измерени му се 2,36 промили алкохол во крвта
-

За само шест месеци откриени над 6.300 AI-слики со сексуална злоупотреба на деца
-

Чекањето заврши: Пристигна новата реалност во Тиго со намалени трошоци
-

И покрај повисоките цени, „Октоберфест“ годинава заврши со рекорден број посетители
-

Истражување: Колку ПХЕВ ја загадуваат животната средина?
-

Принцот Ендрју со претставка до полицијата поради неговото апсење во врска со Епстин
-

Шпанија оди на предвремени избори, премиерот Санчез ги распиша за 29 ноември
