Во Јапонија маж се самозапали поради државниот погреб на Абе

Маж се самозапали денеска во близина на седиштето на јапонската влада, во знак на протест против владината одлука да организира државен погреб на поранешниот премиер Шинзо Абе, кој беше убиен на почетокот на годинава, на 27 септември.
Мажот е пренесен во болница со изгореници по целото тело, а повреден е и полицаецот кој се обидел да му помогне и да го изгасне пожарот, јавуваат јапонските медиуми. Како што е наведено, мажот, на возраст од 70 години, бил во несвест кога пристигнала полицијата, но подоцна им кажал на истражителите дека се полил со бензин.
Во негова близина е пронајдено писмо во врска со државниот погреб на Абе, во кое тој напишал „Силно се противам на тоа“. „Слушнав дека полицијата пронашла маж со изгореници во близина на владините канцеларии и знам дека го истражува инцидентот“, рече главниот секретар на јапонската влада Хироказу Мацуно. Абе, јапонскиот премиер со најдолг стаж, кој поднесе оставка во 2020 година поради лошо здравје, беше убиен на предизборен митинг на 8 јули.
Неговиот државен погреб е закажан за 27 септември, на кој ќе присуствуваат околу 6.000 луѓе од Јапонија и странство.
Ново на Сител
-

Трагедија кај Кочани: Млад мотоциклист загина во сообраќајна несреќа
-

Авганистанец силувал 11 годишно девојче во училиште за посебни потребни во Кобленц
-

Средба Мицкоски - Пленковиќ во Охрид, ќе бидат потпишани договори за стратешка соработка
-

Со автобус во првиот квартал превезени 9.348.000 патници
-

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЦУК и УХМР
-

Премиерот Мицкоски го пречека хрватскиот колега Пленковиќ
-

Трамп изјави дека збогатениот ураниум на Иран ќе биде уништен
-

Потпишан меморандум меѓу Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР за безбедност во сообраќајот
