-->
-->
Зела 43.532 евра преку брз трансфер а не платила данок, жена заработи кривична за „даночно затајување“
-->
Единицата за економски и компјутерски и криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.А.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување".
Како што информира МВР, пријавената, во текот на 2021 година примила 43.532 евра преку брз трансфер, но не го пријавила приходот и не поднела задолжителна даночна пријава до Управата за јавни приходи и на тој начин таа избегнала да плати данок на личен доход во износ од 10% од вкупниот остварен доход или 267.721 денар, а за што била законски обврзана.
- Со ваквото дејствие таа го оштетила Буџетот на Република Северна Македонија за износ од 267.721 денар, информира МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Фатен бегалец од затвор осуден на казна од 23 години
-
Црните кутии на авионот на „Џеџу Ер“ не содржат податоци за последните четири минути од летот
-
Македонија го победи Сесвете во пријателски натпревар пред СП
-
Уште една синагога во Сиднеј прошарана со антисемитски и нацистички симболи
-
Иранската војска покажа подземен ракетен град од каде го напаѓа Израел
-
Во Маврови Анови измерени - 3 степени, преку ден слаб дожд, ноќеска снег
-
Намалена видливост поради магла на патот Тетово-Гајре, Стража и Плетвар
-
Честитка од Цариградскиот патријарх г.г. Вартоломеј до архиепископот на МПЦ - ОА г.г. Стефан по повод неговиот именден