САД: Грција и Турција со дипломатија да ги решат разликите околу островите во Егејското Море
САД продолжуваат да ги охрабруваат Грција и Турција да работат заеднички за одржување на мирот и безбедноста во регионот и да ги решат сите разлики по дипломатски пат без да се дигаат тензии во време на криза.
– Треба да останаме фокусирани на тоа што е колективна закана за сите нас, а тоа е руската агресија, истакна портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс. – Во време кога Русија уште еднаш изврши инвазија на суверена земја и кога трансатлантската и меѓународната заедница стојат со народот на Украина против руската агресија, основен услов е да не се прават изјави и постапки кои можат да подигаат тензиите меѓу членки на НАТО, рече тој. Изјавата доаѓа откако Анкара викендов ја обвини Атина дека на 18 и 21 септември со воени бродови стационирала американска воена опрема како оклопни возила на островите Лесбос и Самос, кои според меѓународен договор треба да се демилитаризирани.
Според договорите од Лозана и Париз од 1923 и 1947 година, 21 остров во Егејското Море се дадени на Грција, но под услов тие да се целосно демилитаризирани. Грција се спротивставува на ова и од 1961 година распоредува војници на островите стравувајќи дека турските сили можат лесно да извршат истоварување, бидејќи се на блиско растојание од Турција.
Ново на Сител
-
Обилни врнежи град го отежнаа сообраќајот на автопатот Скопје-Штип
-
Рокас: Судството мора да има средства и буџет за независна работа
-
Гутереш: Украина има легитимна влада
-
Трамп разговарал со претставници на Мјанмар, ветил помош за земјата
-
Рубио: Русија се согласува на прекин на огнот, но поставува услови
-
Уште еден американски осуденик побара смртната казна да биде извршена со стрелање
-
Хамас: Се интензивираат разговорите со посредниците за прекин на огнот во Појасот Газа
-
Џеј Ди Венс пристигна на Гренланд, ги посети американските војници во базата Питуфик