Битиќи: 93,4 отсто од невработените се функционално неписмени
Има доволно барање за работна сила, но најголем дел од невработените се функционално неписмени, односно нивните вештини не одговараат на потребите на пазарот на трудот, ова го соопшти денеска на прес конференција вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Според него, поради масовното иселување од земјата се појавува празнина на пазарот на трудот и тоа е проблем на целото општество.
„Од 2011 до 2019 година од нашата држава се иселиле 700.000 наши сограѓани или скоро секој четврт си отишол од државата. Иако тој тренд се намалил во периодот на ковид и понатаму, за жал тоа претставува сериозен проблем не само за носителите на јавни функции и за креаторите на политики, туку и за целото општество, бидејќи се појавува една празнина на пазарот на трудот. Најверојатно во креирањето на политики како општество ќе мораме да отвориме една дискусија за пополнување на пазарот на трудот, за однесување малку различно од нашето однесување досега. Ако видите дека во Агенцијата за вработување процентот на невработени е навистина сè уште висок, но 93,4 отсто од невработените се функционално неписмени, или тоа значи дека нивните вештини не одговараат за пазарот на трудот. И конечно мислам дека е дојдено време сите да се освестиме дека мора да се менуваме и да бидеме активни чинители на пазарот на трудот, секој колку може да придонесе. Тоа значи преквалификација, менување на навики за работа, затоа што работа има, барање за работна сила има, но очигледно дека погрешните политики од претходните 30 години не дале резултат, т.е. произведувале работна сила која не одговара на пазарот на трудот“, кажа Битиќи.
Ново на Сител
-

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3
-

Приведени 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола
-

Најевтините 10 и најскапите 10 градови во Европа за туристите
-

Лани дипломирале 7 612 студенти, 27.3 проценти во областите бизнис, администрација и право
-

Ограбен велосипедист во Скопје
-

Полицаец од Битола лажно сведочел дека возилото на неговиот брат е во сопственост на МВР за да избегне казна
-

Андоновски: Оптимистичко сценарио е укинување на роаминг со ЕУ од 1 јануари 2027, рокот не зависи од нас, туку од Унијата
-

Во првиот квартал помалку бракови, а повеќе разводи
