Груевски: Не може Македонците да се виновни бидејќи не се чувствуваат како Бугари
Поранешиот премиер Никола Груевски, на Фејсбук сподели објава на македонското здружение во Бугарија “ОМО Илинден-Пирин”, коментирајќи дека секој паметен (бугарски) политичар после четири национални катастрофи ќе се запраша дали имаат погрешен однос кон македонското прашање.
– Секој паметен политичар во Бугарија после четири национални катастрофи, како што нивните историчари ги нарекуваат двете балкански и двете светски војни за Бугарија во кои во сите тие Бугарија влезе заради Македонија, би се запрашале дали нешто е погрешно кај нив можеби по однос на македонското прашање и политиките на Бугарија кон Македонија. И дали истата политика кон Македонија ги носи и кон петта национална катастрофа по која трајно или на многу долг рок ќе ги загубат Македонците како близок и пријателски народ и сосед, колку и ова малтретирање да трае долго до влезот на Македонија во ЕУ?
Отпорот или омразата како што тие ја нарекуваат има причина. Не може само Македонците да се виновни за тоа бидејќи не се чуствуваат Бугари и не мислат дека нивните предци до 1944 година буле Бугари, зборувале бугарски јазик и имале бугарска историја. Бугарија треба објективно, непристрасно и со политичари, аналитичари и историчари со “ладна глава” да го преиспита своето учество во таа причина. Колку и да е тоа политички не опортуно во моментот за политичарите кај нашиот источен сосед, тоа е стратешки важно за нив и потребно е наместо примена на сила преку механизмите на ЕУ да применат повеќе мудрост и човечност, напиша Груевски на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава
-
Мајката на починатата студентка од Кавадарци во Штип лани измасакрирала и запалила човек
-
Судир на два автомобили и камион со приколка на автопатот „Пријателство“, тешко повредено едно лице
-
Инцидент на Скопскиот аеродром: Србин скршил стакло на заштитна врата, полицијата го уапсила