Николовски: Овозможуваме слободен извоз на нашите земјоделски производи во Украина
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денска во Украинската амбасада во Прага во присуство на двајцата премиери на Македонија и Украина, Димитар Ковачевски и Денис Шмихал, заедно со заменик министерот за економски развој и трговија на Украина, Тарас Качка ги потпиша одлуките за ревидирање на протоколите од Договорот за слободна трговија помеѓу Северна Македонија и Украина.
Од Министерството за земјоделие велат дека преку потпишувањето на овој Договор се овозможува безцарински извоз меѓу двете земји, особено на свежото овошје и зеленчук. Македонските земјоделски производи зелка, јаболко, домат, краставица, грозје, како и други земјоделски производи, слободно ќе се извезуваат за Украина и дека со потпишувањето на овој Договор се постигнува и многу поголема либерализација во врска со правилата за потекло на стоката.
- Зајакнувањето на соработката помеѓу наште две држави доаѓа во значаен момент за двете држави, а бенефит од овој Договор ќе имаат македонскиот и украинскиот народ, се наведува во соопштението.
Министерот Николовски упати благодарност до премиерот на Украина Денис Шмихал и заменикот министерот Тарас Качка, што во вакви сложени услови изнајдоа време и желба за да се потпишеме овој значаен договор, стои во соопштението од министерството.
Ново на Сител
-
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против бизнисмен од Тетово за даночно затајување
-
Скај Спортс го прогласи Роналдо за најплатен спортист минатата година
-
Путин им нуди договор на САД за наоѓалишта на ретки суровини
-
Најмалку четворица загинати при уривање на мост во изградба во Јужна Кореја
-
Средба на премиерот Мицкоски со претставник на Казанчи Холдинг Групацијата, за инвестиција во енергетиката од 1 милијарда евра
-
Трамп: Европа мора да плати за украинската безбедност; Макрон: Не смееме да ја жртвуваме Украина
-
Анкетната комисија за слободите и правата на граѓаните треба да расправа за аерозагадувањето, во петок седница закажа и Комисијата за здравство
-
Собраниска делегација предводена од претседателот Гаши, во официјална посета на Обединетото Кралство