Експлодира камион на Кримскиот мост по што се запалиле цистерни со гориво

На Кримскиот мост што го спојува полуостровот со Русија утрово експлодира камион, при што се запалиле седум цистерни со гориво во воз што во тој момент минувал таму, соопшти рускиот национален антитерористички комитет.
„Камион што доаѓал од полуостровот Таман експлодирал денеска во 6 часот и 7 минути на патниот дел од мостот Крим, при што се запалиле резервоарите со гориво во возот што сообраќал во правец на полуостровот Крим“, се наведува во соопштението. Од експлозијата на камионот се урнале два патни делници од мостот на Крим. Во исто време медиумите во Украина јавија за експлозија.
Според нив, експлозијата одекнала околу 6 часот по локално време. Сообраќајот на патниот и железничкиот мост што го поврзува Крим со руската транспортна мрежа е во прекин.
Рускиот претседател Владимир Путин го отвори мостот во 2018 година, откако Крим беше анектиран од Украина во 2014 година, што пак доведе до санкции и влошување на односите со Западот.
Ново на Сител
-

ИЈЗ: Малигните неоплазми - втора најчеста причина за смрт, стапката на морталитет повисока кај мажите
-

Древен брод од Римското Царство откриен на морското дно, долж апулискиот брег
-

Аеродромот Св. Апостол Павле - Охрид се стекна со Ниво 2-Акредитација за управување со јаглеродни емисии на аеродроми
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претседателот на ОАЕ: Фокус на економијата и билатералната соработка
-

Светот се соочува со нова нерегулирана трка во вооружувањето
-

Седница на Советот на јавни обвинители
-

Уапсен е осомничениот кој фрлил бoмбa врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ, сe трaгa пo уштe eднo лицe
-

Вембањама го предводеше Сан Антонио до триумф над шампионот Оклахома
