Зеленски до Г-7: Русија се обидува да ја вовлече Белорусија во војната во Украина, бараме меѓународни набљудувачи на границата
Русија се обидува да ја вовлече својата сојузничка Белорусија во војната во Украина, нагласи денеска претседателот Володимир Зеленски, говорејќи на состанокот на лидерите на Г7.
„Русија се обидува директно да ја вовлече Белорусија во оваа војна, со провокација дека наводно подготвуваме напад врз таа држава“, рече Зеленски. Тој повика да бидат поставени меѓународни набљудувачи на границата меѓу Украина и Белорусија „за следење на безбедносната ситуација“.
Зеленски ги повика земјите-членки од Групата седум да му помогнат на Киев да купи и распореди системи за ПВО, откако руските проектили сериозно оштетија енергетски постројки на Украина.
„Ве молам да ги зајакнете севкупните напори за финансиска помош за создавање на воздушен штит за Украина. Милиони луѓе ќе и бидат благодарни на Групата седум за таквата помош“, рече тој во видео обраќањето до лидерите на Г7.
Зеленски им рече на лидерите на Г7 дека Владимир Путин се уште има „простор за ескалација“ по дводневните интензивни воздушни напади врз градови низ Украина, вклучително и Киев.
„Рускиот лидер, кој сега е во последната фаза од своето владеење, се уште има простор за понатамошна ескалација“, рече Зеленски, додавајќи дека тоа е „закана за сите нас“.
Ново на Сител
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
-

РСБСП: Продолжениот викенд да помине со безбедно патување, да не се ризикуваат сопствениот и животот на другите
-

Николоски: Нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување на пристаништето Бар преку изгрaдба на автопатот Скопје-Блаце
-

Спречен обид за илегален влез на 40 мигранти близу ГП Богородица, полицијата пукала во воздух
