ВМРО-ДПМНЕ: Извештајот на ЕК покажа дека СДС потфрла
Извештајот на ЕК нотира дека владата не спроведува доволно реформи, нема отчетност и вистински решенија, СДС потфрла.
Според најновиот Извештај на ЕК, во Македонија нема сериозна посветеност на реформи.
Се нотираат ад хок решенија наместо системски реформи на законодавството. Имено ова може да се забележи дозволувањето на нео-фашистички центри во сите градови од Македонија и историски ревизионизам.
ЕК јасно нотира дека се потребни решителни напори за да се изгради динамика за реформи и придвижување во процесот на преговори со ЕУ. Потребен е особен фокус за да се обезбеди ефективна имплементација на постојното законодавство, наместо да се покренуваат ад хок иницијативи.
Извештајот го нотира и самоволието на Џафери, и неодговорноста во Собранието. Имено ЕК нотира отсуството на отчетност, што јасно се гледа низ повеќемесечно незакажување на седници за пратенички прашања во Собранието. Криење од опозицијата и граѓаните.
Извештајот покажува дека власта наместо да работи и да се посвети на реформи, се насочува кон стратешки погрешни цели. И наместо владеење на правото, имаме владеење на самоволието.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
