Димитриев-Бершински:Посветеност за унапредување на соработката

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев денеска оствари средба со Роберт Бершински, заменик помошник секретар на Бирото за демократија, човекови права и труд на Стејт Департментот.
- Соговорниците ги поздравија билатералните односи помеѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави, кои се карактеризираат со пријателство и со соработка во сите полиња од взаемен интерес. Беше изразена посветеноста за унапредување на соработката и на политичко и на економско ниво, соопшти владината служба за информирање.
Двете страни, се наведува во соопштението, ја истакнаа значајноста и приоритетот на организацијата на фер, кредибилни и демократски избори. Беше истакната нужноста за посветеност на сите политички партии во унапредување на довербата во изборниот процес.
Димитриев ја истакнал определбата на Владата за реализација на барањата на Државната изборна комисија за организација на изборите на 24 април годинава за што постои соодветна комуникација и координација. Во однос на медиумските слободи истакнал дека за Владата постоечкиот закон кој ја регулира оваа материја а беше изработен во соработка со Европската Комисија е добар, но доколку партиите се договорат дека е потребна промена на законот за Владата е прифатлив кој било закон кој ја регулира оваа сфера од било која од земјите членки на Европската Унија.
- Двете страни ја потенцираа значајноста од дејствување во насока на превенирање и оневозможување какви било притисоци во врска со изборите кон вработените во државната и јавна администрација и нивното гласање. Соговорниците ја истакнаа посветеноста на двете земји во понатамошно унапредување на меѓусебната соработка, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Путин одби да се сретне со Зеленски
-

Мицкоски на средби со претставници на стопански комори и градежни компани за реализација на капиталните инвестиции
-

Кошта: Одбројуваме до зачленувањето на Црна Гора во ЕУ
-

Мерц до Западен Балкан: Ве сакаме
-

МСПДМ: Поради значајна реформа во системот на социјална заштита, исплатата на правата ќе се реализира со неколкудневно задоцнување
-

„Гардијан“: ЕУ се обидува да покаже дека Западен Балкан не е запоставен на патот кон ЕУ
-

Унгарија подготвува реформи за деблокирање на речиси 17 милијарди евра од европските фондови
-

СЗО објави шестмесечен план за борба против ширењето на еболата
