-->
-->
Бројот на загинати при уривањето на мостот во Индија се зголеми на 132 лица
-->
Бројот на загинати лица при уривањето на мостот во Гуџарат во Индија се зголеми на 132, соопшти денеска локален функционер, јавија дел од британските медиуми.
Пешачкиот мост на реката Мачу во градот Морби беше полн со посетители кога се урна во текот на вчерашниот ден. Над 400 луѓе беа на и околу мостот за време на несреќата.
Персоналот на вооружените сили заедно со националните тимови за справување со катастрофи и итни случаи од блиските области, се во потрага по исчезнати лица и помагаат во операциите за спасување.
Мостот долг 230 метри е изграден за време на британското владеење во 19-ти век. Поради реновирање, тој беше затворен шест месеци, а неодамна повторно се отвори за јавноста.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Скопје: Со возило полно мигранти бегал од полиција, па удрил во бетонски столб
-
Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје
-
Трагедија во Гостивар - Почина 6-годишно дете, откако му се слошило на тренинг
-
Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8
-
Царинската управа запленила 36 килограми марихуана и голема количина лекови
-
Едно лица загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово, кај село Костурино
-
Мицкоски: Унгарскиот претседател Орбан понудата ја даде во име на претседателствувањето со ЕУ
-
Министерство за здравство: Ќе се утврдат причините за смртта на 14-месечно бебе