Македонија
9. December 2022 - 12:36

Македонија и Албанија немаат заедничка стратегија како да го зачуваат статусот на УНЕСКО за Охридскиот регион

Македонија и Албанија иако согласно препораките на Унеско треба до почетокот на месец февруари да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите за заштита на Охридскиот регион заедничкиот план сеуште не е изготвен . Временскиот рок се приближува но според експертите изминатиот период не е евидентиран ниеден значаен чекор за зачувување на статусот Светско природно и културно наследство.

Според добрите познавачи потребни се итни мерки изработка на стратегија и комуникација помеѓу сите надлежни донесување одлуки за соодветно управување со светското наслство.

Инаку на почетокот на идната година се очекува меѓународни експерти да го посетат Охридскиот регион и на терен да ја констатираат состојбата.