ВМРО-ДПМНЕ: СДС да побара оставка од Арсовска
Секој ден е се поочигледна криминаланата и тендерска коалиција на СДС и Данела Арсовска, коалицијата Тачела.
Се надеваме дека денес СДС и Ковачевски ќе се надминат себе си и конечно јавно пред скопјани ќе побараат оставка од Данела Арсовска.
СДС и Ковачевски на тајни средби наместо да договараат тендери со Арсовска преку нивниот директор во ЈСП за набавка на нафта, нека и ги одземат ингеренциите на Арсовска и нека им помогнат на приватните превозници во градскиот превоз во Скопје.
Тендер кој не случајно го доби токму фирмата на пратеник од нивниот коалиционен партнер.
Или пак доколку СДС сака да се реши проблемот со хаосот во Скопје и да се исплатат приватните превозници, на тајните средби нека побара од Арсовска да го поништи тендерот во ЈСП во кои не е предвиден попуст, или рабат, за да заштеди Арсовска преку нов договор од над 1.5 милиони евра, со кои ќе се исплати долгот кон превозниците.
Но, на СДС и Ковачевски не им се битни граѓаните, нив битни им се милионите евра и криминалот кој заедно го прават со Арсовска.
Барем еднаш да ги остават настрана криминалот и провизиите, за скопјани да се спасат од хаосот од Тачела коалицијата и за тоа не бараат оставка од Данела Арсовска.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Трамп: Америка со последните избори направи голем чекор назад во историјата
-

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков
-

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него
-

Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
-

Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција
-

Уапсени двајца велешани, пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага
-

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, вкупно 3000 можни стипендии
