Ердоган: Турција ги продолжува преговорите со Русија и Украина за ставање крај на војната
Турција ги продолжува разговорите со Русија и Украина за ставање крај на војната, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, јавува Анадолија.
– Преку договорите за транспорт на жито и размена на заробеници меѓу Русија и Украина, гледаме дека е можно да се трасира патот кон мирот доколку и се даде шанса на дипломатијата, рече Ердоган на трипартитниот самит на Турција, Азербејџан и Туркменистан.
Тој посочи дека во оваа насока продолжуваат разговорите со претседателите на Русија и Украина Владимир Путин и Володимир Зеленски.
– Се надеваме дека прво ќе постигнеме прекин на огнот, а потоа и траен мир во нашиот регион, рече Ердоган.
Во градот Аваза, во западен Туркменистан, денеска се одржа средба на Ердоган, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и туркменскиот лидер Сердар Бердимухамедов, на која разговораа за чекорите за понатамошно подобрување на соработката меѓу трите земји во различни области, особено трговијата, енергијата и транспортот.
Претседателот на Турција рече дека треба да се започнат активности за транспорт на гас од Туркменистан до западните пазари.
– Подготвени сме да работиме на пренос на електрична енергија од Туркменистан и Азербејџан до нашата земја, рече Ердоган.
Тој додаде дека полноправното членство на Туркменистан во Организацијата на турските држави ќе ја зајакне групата. Од 2021 година Туркменистан има статус на набљудувач во оваа организација.
Ново на Сител
-

Групна тепачка во Шуто Оризари поради присилно дрогирање со марихуана на малолетничка
-

Едно лице измамено во Делчево, штипјанец набавил од него 2.580 тони сливи и не му платил
-

Премиерот Мицкоски најавува три нови инвестиции оваа есен
-

50-годишен тетовец ја тепал ќерка му и рекол дека ќе ги запали ако викнат полиција
-

Вардар во финалето против Охрид на ракометниот турнир Струга 2026
-

Мицкоски: За скопската вода опозицијата проба да создаде хистерија, за гостиварската Владата не е одговорна, напротив – таа помогна
-

Нетанјаху ја нарече Велика Британија „исламска република“, Лондон протестира
-

Автобус полн со српски туристи излетал од патот во Бугарија
