Деветмина повредени во експлозија во Турција
Осум турски полицајци и еден цивил се повредени денеска во провинцијата Дијарбекир, кога автомобил-бомба експлодирал на автопат додека покрај него минувал нивниот минибус.
Министерот за внатрешни работи Сулејман Шојлу изјави дека две лица се приведени и оти се верува дека тие се одговорни за експлозијата.
– Во 05:10 часот утринава дошло до експлозија во паркирано возило, во моментот кога минувало полициско возило со кое се превезувале работници на работа во Дијарбекир, изјави турскиот министер.
Канцеларијата на гувернерот на Дијарбакир соопшти дека во експлозијата нема сериозно повредени, но деветте лица кои се наоѓале во блиндираниот минибус се пренесени во болница на подетални прегледи.
Експлозијата се случила на околу 10 километри јужно од центарот на Дијарбакир, најголемиот град во регионот.
Сè уште никој не ја презел одговорноста за експлозијата.
Ново на Сител
-

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД
-

Уапсени девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник
-

Вучиќ: Србија не е опасност за регионот
-

ПМФЛ: Работнички го совлада Силекс, Тиквеш убедлив против Брера
-

ОЈО ГОКК бара притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за примање поткуп од 50 000 евра
-

Почина легендарниот Чак Норис
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
