СДСМ: За една година ВМРО-ДПМНЕ во Скопје направи пепел
ВМРО ДПМНЕ за само една година во Скопје направи пепел, го доведе градот до состојба да не може да ги обезбеди ниту основните функции.
ВМРО-ДПМНЕ го заглави градот, како што 11 години Македонија што беше заглавена.
Покажаа дека се најнеспособната локална власт во историјата на главниот град.
Градот назадува, нема нови проекти, наместо бесплатен јавен превоз, за прв пат во историјата Скопје остана без превоз.
Приватните превозници не возат, ЈСП тоне во долгови, тешка е состојбата и во други градски претпријатија.
Додека во градот владее хаос, тие се скараа за бизнис интереси, тендери и провизии, чии раце да бидат во медот.
Од кавгата меѓу Христијан Мицкоски и Данела Арсовска произлегоа скандалозни закани и навреди. Според сведоштвата на Арсовска, Мицкоски и се заканувал дека ќе ја влече по улици и со неа под ќе брише.
До пред само неколку месеци, Арсовска за ВМРО-ДПМНЕ беше најдобра градоначалничка, а сега и бара доказ дека е во добра психофизичка состојба.
И додека јавноста слуша за закани, клевети и навреди меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска, СДСМ прави се за да ги реши проблемите на скопјани.
Парното во Скопје веќе го презема и го управува Владата, откако Арсовска и мнозинството во Советот од ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од него.
Благодарение на одговорниот и чесен пристап на претседателот Ковачевски, блокадите на скопските улици се отстранети и дадена е шанса преку дијалог да дојдат до решение.
Скопјани не заслужуваат да бидат заложници на неспособната и неодговорна локална власт на ВМРО ДПМНЕ.
СДСМ
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Дејан Митровски Урко за настапот на ЕП: Браво за целиот тим, задоволен сум од успехот, одиме понатаму!
-
Стојановски ќе се бори за златен медал на ЕП во Таеквондо за кадети
-
Барале пари за да дадат информации - Нови детали за изчезнувањето на Лидија
-
Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус
-
Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени
-
Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот
-
Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
-
Од утре температурите пониски за пет до седум степени