Собранието и синдикатот на УКИМ потпишаа колективен договор
Претседателот на Собранието Талат Џафери, во својство на овластено лице од основачот на Универзитетот, и претседателот на Сојузот на синдикати на вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Ангел Ристов денеска потпишаа колективен поединечен договор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.
Со овој договор се уредуваат поблиску правата, обврските и одговорностите на работниците и на работодавачот, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје кои произлегуваат од работниот однос, обемот и начинот на остварување на правата, обврските и другите прашања од интерес на работниците и работодавачот, како и начинот и постапката за решавање на меѓусебните спорови.

Од Собранието посочуваат дека до овој чин дојде како резултат на повеќе од двегодишна борба и заложби на Синдикатот за подобрување на материјалната состојба на наставниот и ненаставниот кадар на најстариот универзитет во земјава.
-Се прифатија заложбите врз основа на кои во 2024 и 2025 година ќе дојде до значително покачување на платите на вработените во Универзитетот со што ќе се придонесе за поквалитетен развој на науката и на високото образование, сѐ во интерес на студентите и државата, се посочува во соопштението од Собранието.
Според Сојузот на синдикати на Универзитетот ова е историски чин затоа што прв пат се потпишува ваков договор помеѓу институција од високото образование и законодавниот дом на Република Северна Македонија што е знак на конкретна поддршка на државата во однос на развојот и напредокот на високото образование, со тоа и на државата секако.
-Конечно очекуваме и потврдуваме дека државата ќе го поддржи високото образование, а се во интерес на развој и напредок на државата, на образованието и на науката, рече проф. д-р Ристов заблагодарувајќи му се на Џафери за неговата заложба.
Ново на Сител
-

Андоновски: Целта е граѓаните што побрзо да ги почувствуваат придобивките од дигитализацијата
-

Марко Блажевски европски шампион - До титулата со доминантен настап во Италија
-

Клековски: Системот за рано предупредување за дроги ќе овозможи побрза заштита на здравјето на граѓаните
-

Ученик нападнал соученик со тврд предмет во основно училиште во Аеродром
-

Не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец
-

Радовишанец се заканувал на вработени во странска амбасада, заврши на психијатриско посматрање
-

Андоновски: Европската оценка е важна потврда за напредокот во дигиталната трансформација
-

Мицкоски: Продолжуваме со реформите за економски развој и подобар животен стандард
