Македонија
7. January 2023 - 18:24

Тетовец избоден со нож од 19 годишник

Денеска (07.01.2023) во 12.00 часот во Тетово на ул.„142“ полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.В.(19) од Тетово, поради постоење основи на сомнение дека пред тоа физички го нападнал и со остар предмет го повредил Ф.З.(25) од Тетово.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.