-->
-->
Претседателот на фудбалската федерација на Франција, Ноел Ле Грает поднесе оставка
-->
Претседателот на фудбалската федерација на Франција, Ноел Ле Грает е разрешен од функцијата, одлучи извршниот комитет на федерацијата. Комитетот одлучи да го тргне Ле Грает барем додека не бидат објавени резултатите од ревизијата на федерацијата.
Филип Диало, кој досега ја извршуваше функцијата потпретседател, е назначен за в.д. претседател на федерацијата на Франција.
Ле Грает наиде на жестоки критики за неговите зборови кон Зинедин Зидан. Исто така кон него имаше обвинувања од страна на вработени во федерацијата за недолично однесување.
Ле Грает запрашан за Зинедин Зидан, кажа дека не би му кренал телефон дури и ако самиот го побара и му порача да си бара друг клуб.Сето ова беше пресудно Ле Грает да добие привремен „отказ“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
БиХ: Дете пронајдено живо под плоча тешка два тона
-
Тепачка во дискотека во Штип - Осум луѓе побарале здравствена помош
-
Крушево: Жена возејќи „ауди“ удри во паркирано возило
-
Во Тунис денеска се избира претседател, со еден претседателски кандидат во затвор
-
Кавадарчанка пријавила напад врз малолетниот син во угостителски објект со стаклени и други предмети
-
Во израелски напад врз џамија и училиште во Газа загинаа 24 лица, а 93 се ранети
-
Петнаесетгодишно момче избодено 50 пати со нож и живо запалено во Марсеј
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен – Охрид, кај планинскиот премин Буково