Македонија
11. January 2023 - 16:41

Даравелски побара да му се суди од почеток

Адвокатите на Даравелски побарале повторено судење за екс шефот на македонската Царина. Информацијата претпладнево ја потврдија од скопскиот Кривичен суд.

Советот, во однос на барањето, согласно Законските надлежности најпрвo ќе се обрати за податоци до установата каде истиот е на издржување на казната затвор, а потоа предметот ќе го прати на мислење до Основното јавно обвинителство,велат од Основниот кривичен суд Скопје.

Ново судење за Даравелски веројатно ќе значи дека ќе тој ќе се спаси од кривично гонење поради апсолутна застареност. Делото го сторил пред повеќе од 20 години поради што нема да може повторно да биде осуден.
Пресудата на Kумановскиот суд од 2007 не е застарена, но одлуката за ново судење на која Даравелски има право, практично значи нејзино укинување, што го прави логично неговото враќање во Македонија.

Поранешниот шеф на царината беше осуден во 2007 ма година на седум години затвор за злоупотреба на службената положба. Тој се товари за проневера тешка 2,5 милиони евра сторена во периодот од 99 до 2002 година. За стореното дело законот предвидува максимална казна од 10 години а застаренсота настапува по 20 години, кои се поминати лани. Министерството за правда повеќе пати побара негова екстрадиција од Србија, но бидејки имал српско државјанство властите во Белград не го дозволија тоа.