Бајден на 7 февруари ќе одржи говор за состојбата на нацијата и општата политика

Американскиот претседател Џозеф Бајден на 7 февруари пред Конгресот на САД ќе има традиционално обраќање за состојбата на нацијата и општата политика.
Во согласност со традицијата, претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, републиканецот Кевин Мекарти, денеска со писмо го покани Бајден да се обрати на заедничката седница на двата дома на Конгресот.
Прес секретарот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, рече дека Бајден ја прифатил „љубезната покана“ на Мекарти и дека со нетрпение чека да го одржи говорот.
За прв пат откако беше избран, претседателот ќе се обрати пред поделениот Конгрес, бидејќи републиканците освоија тенко мнозинство во Претставничкиот дом по среднорочните избори во ноември. На тие избори, демократите ја задржаа контролата над Горниот дом на Конгресот, Сенатот.
– Новата година носи нов Конгрес, а со тоа и одговорност да се работи кон економијата која е силна, нацијата која е безбедна, иднината изградена на слобода и Влада која презема одговорност, напиша Мекарти во својот повик до Бајден испратен денеска.
Тој додаде дека американскиот народ ги испратил во Вашингтон за да „дадат нова насока на земјата, да најдат простор за согласност и да разговараат за приоритетите“.
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
