ВМРО ДПМНЕ: Отсуството на директорот Ахмети е доказ дека за ДУИ функционирањето на државата е во втор план
Иако системот на ФЗОМ две недели е крахиран, осигурениците не можат да добијат никаква информација, лекарите не можат да добијат плата, сепак директорот од ДУИ, Фатон Ахмети, е на одмор во САД, тој не е на своето работно место и официјално потврдија од ФЗОМ дека користи годишен одмор.
Директорот Ахмети, користи годишен одмор затоа што е во политичка посета, како кадар на ДУИ бидејќи неговата посета не е од позиција на директор, туку лична, и единствениот бенефит е негово политичко надградување. Ова го потврди и самиот тој со тоа што обелодени дека е на лидерска визитинг програма, која се спроведува за политичари, а не за државни функционери.
Почитувани,
Заради неспособноста на менаџментот на ФЗОМ, од кој дел е и Ахмети, целиот систем на податоци на фондот беше и сеуште е загрозен и е под сериозна опасност, со можност податоците да исчезнат и да треба да се внесуваат рачно со месеци. Епилогот до сега е лекари без плата и голем број закочени процеси.Ковачевски како премиер молчи само заради поддршката на ДУИ, без која тој воопшто нема да биде на таа функција, и затоа е заложник на истите.
За ДУИ и СДС државата и нејзиното функционирање се секогаш во втор план.
Имено, Фатон Ахмети, со ваквата постапка покажува дека за него неговиот политички ангажман во ДУИ е поважен од државната функција, која што ја извршува и за која е платен од граѓаните.
Фатон Ахмети исто како и Артан Груби, го стави својот личен интерес пред интересот на граѓаните од чиј пари е платен.
Ковачевски пак, наместо да молчи и да прави квази реконструкции на владата треба веднаш да го разреши Фатон Ахмети од позицијата директор на ФЗОМ, а доколку не го направи тоа само ќе стави печат на фактот дека е заложник на ДУИ, со чија помош сеуште се држи на власт.
Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
