ВМРО-ДПМНЕ: Владата набавува леб по цени од 30 до 100% повисоки од цените кои ги пропишува
Владата на Ковачевски самата не ги почитува прописите кои ги пропишува. Додека Владата зборува за замрзнати цени на лебот, таа самата набавува леб по цена 30 до 100 % повисока од таа која самата ја пропишала.
Службата за општи и заеднички работи при Влада во втората половина од минатата година склучила договор за набавка на бел леб по цена од 41,4 денари за 450 грама. Очигледно кога се работи за народните пари власта не знае да штеди и да пресметува па дава и колку што треба и колку што не треба. Уште поеклатантен е примерот со белиот леб со продолжен рок кој што го плаќа за 75,6 денари за 450 грама.
Од Владата молчат за ваквите цени. Кога ги трошат народните пари немаат ограничувања. Според кои пресметки на Владата е логично да се набавува леб по овие цени кои се 30 до 100% повисоки од цените кои ги пропишува Владата? Зарем Владата набавува леб по цена која ги крши прописите на Владата и со тоа самите стануваат соучесници?
Ковачевски и неговата Влада се клучните одговорни за „лебната криза“ во Македонија, бидејќи со своите политики доведоа до целосен колапс и хаос на пазарот, којшто граѓаните го плаќаат. Токму народот со оваа Влада доживува највисока инфлација на цените, особено на прехранбените и основните производи, доживува празни рафтови, доживува беспарица и други дежа ву состојби од транзицијата.
Ова мора да престане. Оваа криминална и неспособна власт на ДУИ поддржана од СДС мора да замине.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Првични резултати од прегласувањето на парламентарните избори
-
Ковачевски поднесе оставка од функцијата претседател на СДСМ
-
ЦУК: Поплавени дворови и подрумски простории во Драчево
-
Авион принудно слета на аеродромот во Тирана, патник се обидел да се самоубие
-
ДСЗИ изврши надзор на Токсикологија, склучените договори за работа се со потпис на еден директор
-
ДИК: Излезноста до 13 часот е 25,48 проценти, поголема во однос на 8 мај
-
Умерен земјотрес во Романија
-
Говор на омрза врз срцето со македонско знаме и букви на натписот Гостивар