Македонија
13. March 2023 - 8:34

Времето денес ќе биде сончево со температура до 17 степени

Времето денеска ќе биде студено наутро, а преку денот претежно сончево, најавува УХМР.

Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од минус 7 до 17 степени.

 Во Скопје времето ќе биде сончево и тивко, со температура од минус 3 до 14 степени.

Нов влажен бран со врнежи од дожд ќе има в среда, кои на места ќе бидат пообилни и поројни. Во четврток ќе дува засилен северен ветер, а в петок и за време на викендот ќе преовладува претежно сончево и потопло време.