Курти: Нема готов текст, следствено нема договор
Оптимист сум, внимателен сум и ќе направиме се за Репулика Косово, уставноста, суверенитетот, територијалниот интегритет, јавниот и народниот интерес за сите граѓани без разлика, бидејќи јас сум премиер на Републиката и на сите граѓани, истакна косовскиот премиер Албин Курти за косовските медиуми по средбата со лидерот на Демократската ујина за интеграција Али Ахмети.
- Охридското Езеро е тектонско езеро, по е тивко и убаво место. Во оваа прилика, освен што сум оптимист, дојдов со намера и добра волја дека договорот постигнат претходно, кој за жал не беше потпишан во Брисел на 27 февруари, ќе продолжи преку разговори за планот за имплементација и на овој начин да се заврши договорот за нормализација, рече Курти.
Курти потенцираше дека ќе продолжуваат разговорите за планот за имлементација , бидејќи, како што рече, нема готов текст.
- Се додека нема готов текст, не може да има завршување на разгоровите, па додека нема завршување на разговорите не може да има договор. Јас сум тука за принципиелен, отворен, сериозен дијалог кој треба да резултира со фоговор, а договор значи конечен и договорен текст. Не дојдов тука за разговори за разговори, туку на разговори за договори, рече Курти.
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
